Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Июль
2019

Новости за 07.07.2019

Мицотакис сам ќе формира влада

SlobodnaEvropa.mk 

Нова демократија победник на изборите во Грција, покажуваат првичните резултати. Утре Кирјакос Мицотакис ќе положи свечена заклетва, откако претходно, од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос ќе го добие мандатот за формирање влада. Актуелниот премиер Алексис Ципрас му ја честитал победата на Мицотакис.

Мицотакис станува новиот премиер на Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Со пребројани 33,45% од гласовите, грчката изборна комисија соопшти  дека во водство е партијата Нова демократија. Според нивните податоци, како што јавува новинската агенција МИА, Нова Демократија е победник на предвремените парламентарни избори во Грција, со 8,5% разлика во однос на СИРИЗА и доволен број пратеници за да формира еднопартиска влада. Според овие податоци Нова Демократија освои 159 пратенички места додека Сириза пак освоила 85. Според досега преброените гласови, Златна зора не успева да обезбеди место во грчкиот парламент... Читать дальше...

Албанија го откажа учеството на Самитот на СЕЕЦП во БиХ во знак на солидарност со Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот задолжен за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, објави дека Албанија нема да учествува на самитот на СЕЕЦП, организиран од Босна и Херцеговина. На социјалната мрежа „Твитер“, тој напиша дека третманот на организаторите кон Косово е неприфатлив, дека е против стремежот да се создаде атмосфера на доверба, добрососедски односи и стабилност. Цакај уште додава дека не може да има соработка без еднаков третман. „Албанија го откажа своето учество на Самитот на СЕЕЦП во знак на солидарност со Косово. Читать дальше...



Aкредитирани 320 грчки и странски новинари за изборите во Грција

SlobodnaEvropa.mk 

За следење на предвремените парламентарни избори во Грција од специјално уредениот прес-центар во салата за конференции „Запио“, акредитирани се 320 новинари, фоторепортери, странски дописници и екипи од телевизии, јави дописничката на МИА од Атина. Освен домашните, грчките новинари, изборниот процес ќе го следат и странски медиуми од 15 земји меѓу кои и Македонија, Германија, Франција, Кипар, Чешка, Италија, Шпанија, Бугарија, Албанија, Велика Британија, САД, Кина, Јапонија, Венецуела, Прес-центарот е отворен од утрово... Читать дальше...

Заев за белградска „Политика“: Односите со Србија се традиционално добри и се движат во нагорна линија

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев смета дека односите со Србија се традиционално добри, оти се движат во нагорна линија, како и дека поканата на српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на новиот автопат кај Грделичката Клисура преставува потврда на овие негови ставови. „Со српската премиерка Ана Брнабиќ наскоро ќе започнеме уште една соработка во сферата на дигиталните сервиси и веб страниците на владата“, изјавил Заев во разговор за утрешна „Политика“. Според него, Србија и Северна Македонија имаат исти цели... Читать дальше...

Албанската опозиција повикува на масовност за утрешниот протест

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на двете главни партии во обединетата албанска опозиција, ги повикаа граѓаните да учествуваат на протестите на 8 јули, додавајќи при тоа дека нема да преземаат ни чекор назад по барањето за заминување на премиерот Еди Рама. Лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија (ПД), Љуљзим Баша, опозициската битка ја нарече соочување со инкриминираната влада, додека претседателката на третата по големина партија во земјата, опозициското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ)... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува директорот на Агенцијата за разузнавање, Пендаровски бара Антикорупциска да ги провери наводите

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу спроведува политичка елиминација на целокупниот оперативен кадар на Агенцијата. Партискиот портпарол Наум Стоилковски рече дека, според нивните сознанија, Муслиу за негов помошник го назначил Васко Шутаров, лице кое досега било ангажирано како проектен истражувач на НВО „Нексус“, која е регистрирана на домашната адреса на Муслиу, а неговата сопруга била претседател на организацијата. За опозициската партија... Читать дальше...

Харадинај – Благодарам Бојко за ставот кон Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му се заблагодари на својот бугарски колега Бојко Борисов за, како што вели, принципиелниот став кон Косово и неговото право да биде дел од европското семејство, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај на својата страница на Фејсбук напиша дека одлуката идниот самит на земјите од Западниот Балкан да се одржи во Бугарија и Северна Македонија го прави Берлинскиот процес уште позначаен за регионот. „Косово е битен дел на овој процес и стои на страната на... Читать дальше...



Ципрас повикува на излезност, Мицотакис со порака граѓаните да ја земат судбината во нивни раце

SlobodnaEvropa.mk 

И последниот глас може да биде одлучувачки. Одлучуваме за нашиот живот, напиша рано утрово грчкиот премиер Алексис Ципрас на неговиот официјален Твитер профил, кусо откако беа отворени гласачките места во Грција , јави дописничката на МИА од Атина. Лидерот на СИРИЗА, ги повика граѓаните, денеска, масовно, да излезат на гласање. „Денес битката ја водиме од првата до последната минута. Со оптимизам и решителност. Гласачките кутии се празни и сите можности се отворени. Одлуката на секој и на секоја е она што ќе го одреди резултатот. Читать дальше...

Самоубиствен бомбашки напад во очи мировните преговори за Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици авганистански делегати, меѓу нив политички личности, жени и други засегнати страни, присуствуваат на Конференција за интраавганистански дијалог во Катар, на која се вклучени и преговарачи од талибанците. Само неколку часа пред почетокот на собирот во Доха, милитантната група ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напади во авганистанскиот град Газни, во кој загинаа најмалку шест луѓе, а беа повредени повеќе од 150. Нападот рано утрово бил наменет за безбедносните служби... Читать дальше...

Бугарскиот амбасадор повикан во српското МНР

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, синоќа изјави дека според неговата наредба, бугарскиот амбасадор бил повикан на разговор во Министерството за надворешни работи. Тој вели дека Србија со Бугарија како соседна земја сака добри, пријателски и сојузнички односи. „Како што имаме разбирање за прашањето за бугарскиот национален идентитет, јазикот или Гоце Делчев, исто така очекуваме разбирање за важноста на косовското прашање за српскиот народ. Затоа, оваа изјава на бугарскиот премиер... Читать дальше...

Иран ќе збогатува ураниум надвор од дозволените граници

SlobodnaEvropa.mk 

Иран соопшти дека ќе збогатува ураниум надвор од границите утврдени со нуклеарниот договор склучен во 2015 година. Соопштението доаѓа по една година откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од договорот и ги врати санкциите кон Иран. Портпаролот на иранската влада, Али Рабии, во Техеран изјави дека денеска ќе го надминатдозволеното ниво на збогатување на ураниум од 3,67 отсто. Тој рече дека новиот процент се заснова на нивните потреби и недаде дополнителни детали. Заменик-министерот за надворешни работи на Иран... Читать дальше...

Американскиот конгресмен Елиот Енгел во работна посета на Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Конгресот на САД, конгресменот Елиот Енгел, во рамки на работната посета на Република Северна Македонија која е дел од неговата турнеја по земјите од регионот, денеска ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Енгел заедно со конгресменот Мајкл Мекал, кој е член на Комисијата за надворешна политика на Конгресот на САД, со која тој претседава, на 6 февруари годинава упатија писмо до администрацијата на претседателот Доналд Трамп... Читать дальше...

Британија финансиски ќе поддржува независни медиуми на Балканот

SlobodnaEvropa.mk 

Во наредните три години британската влада ќе одвои 18 милиони фунти (22,5 милиони долари) за борба против ширењето лажни информации во земјите од Источна Европа и за поддршка на независните медиуми во земјите од Западен Балкан. „Важно е да се создаваат услови за непречено работење на новинарите“, истакна британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант пред планираната Глобален конференција за слободата на медиумите што ќе се одржи на 10 и 11 јули во Лондон.

Амбасадорката Брнс порачува - Продолжуваме со придонес кон вашата позитивна иднина

SlobodnaEvropa.mk 

Новата американска амбасадорка во Макеоднија, Кејт Брнс во видео обраќање пред преземањето на должноста порачува дека е почестена што ќе ги претставува САД и оти ќе работи на зацврстување на врските меѓу двете земји и интеграција на Северна Македонија во НАТО и ЕУ. „САД се горди на силното пријателство со луѓето од Северна Македонија. Ја цениме храброста и професионализмот на вашите војници и очекуваме да ве поздравиме како 30 членка на НАТО. Почестена сум што ја имам можноста да ја зацврстам врската помеѓу нашите две земји. Читать дальше...

Сончево и многу топло време, од среда пад на температурите

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде многу топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен правец. Дневните температура ќе се движи од 31 до 39 степени и УВ-индекс 9. Во Скопје, исто така, ќе биде сончево и многу топло, со слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 37 степени. Во првите два дена од претстојната седмица сè уште ќе биде топло, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Како што соопшти УХМР, в среда... Читать дальше...

Тимоние - Франција не ги кочи македонските евроинтеграции

SlobodnaEvropa.mk 

Франција е на ваша страна на тој пат. Не знаме колку ќе трае тој пат и патот воопшто не е едноставен, но сме определени да помогнеме, само треба да утврдиме кој е билансот од реформските агенди. Но францускиот став сè уште не е донесен за таа тема, вели амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Грција избира нов парламент

SlobodnaEvropa.mk 

Нова демократија судејќи според сите анкети во предизборниот период се очекува да биде убедлив победник и тоа со доволен број пратеници за еднопартиска влада. Лидерот на владејачката партија Алексис Ципрас се надева на пресврт.

Тимоние – Сè уште не сме донеле одлука дали ќе ви дадеме датум за преговори

SlobodnaEvropa.mk 

Одлуката за датум за преговори ќе зависи од проценката што ќе се направи од моите власти во зависност од агендите кои беа испорачани и тој став јасно им беше соопштен на македонските власти, дека францускиот став сè уште не е донесен за таа тема, вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во неделното интервју на Радио Слободна Европа.



Москва

Стартовал финальный этап всероссийского футбольного турнира «Будущее зависит от тебя»


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин: в ТиНАО создадут новые управы районов



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Егор Крид

Егор Крид, Ольга Бузова, JONY и другие на премии ЖАРА Music Awards




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Инсайты, стратегии и нетворкинг для профессионалов: 21 июня пройдет ежегодный форум «Спорт и Бизнес»

Строительные леса обрушились у здания спортшколы на Новочеремушкинской улице

Стартовал финальный этап всероссийского футбольного турнира «Будущее зависит от тебя»


Даниил Медведев

Медведев с трудом одолел 121-ю ракетку мира на турнире в Риме



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Стартовал финальный этап всероссийского футбольного турнира «Будущее зависит от тебя»



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России