ОБСЕ/ОДИХР: Гласачите во Албанија под притисок од сите партии
За време на локалните избори во Албанија гласачите биле под притисок од сите политички партии, а во некои случаи не гласале слободно и не биле добро информирани, изјави шефицата на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Едру Гловер претставувајќи ги денеска првичните оценки за изборите. Таа ги повика сите политички партии да работат во име на сите граѓани, а не само за оние кои ги поддржуваат. Таа најави дека по собирањето на сите информации од терен, конечната оценка ќе биде внесена во финалниот извештај кој ќе биде готов по два месеца. Читать дальше...