Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Июль
2019

Новости за 31.07.2019

Народна банка: Незначително намалени каматите на кредитите

SlobodnaEvropa.mk 

Просечната каматна стапка на кредитите во јуни бележи незначително намалување и изнесува 5,19 отсто. Според објавените податоци на Народната банка во однос на претходниот месец се бележи намалување од 0,01 процентен поен, додека на годишна основа, намалувањето е за 0,38 процентни поени. Податоците покажуваат дека нема промена кај просечната камата на депозитите и таа се задржа на 1,41 отсто. Просечната каматна стапка бележи раст кај новоодобрените кредити, во текот на јуни, за 0,02 процентни поени на месечно ниво и изнесува 4,70 отсто... Читать дальше...

Руските здравствени власти тврдат дека Навални не бил труен

SlobodnaEvropa.mk 

Докторите од рускиот медицински центар денеска соопштија дека со лабораториските испитувања на опозицискиот лидер Алексеј Навални ја исклучиле можноста труење. Како што јавуваат руските агенции Алексеј Токарев, шеф на медицинскиот центар во Москва, рекол дека во анализираните примероци не се најдени траги на отров кај Навални. Опозицискиот лидер во неделата наутро од казненото оделение на московската полиција беше однесен в болница откако се појавија симптоми на алергиска реакција. Навални беше... Читать дальше...

Турција- приведени повеќе од 900 нелегални мигранти

SlobodnaEvropa.mk 

Во неколку различни операции на територијата на цела Турција денеска биле приведени над 900 нелегални мигранти, информира агенцијата Анадолија, повикувајќи се на безбедносни извори. Силите на жандармеријата, во неколку свои акции во северозападниот округ Едрене, што се граничи со Грција и Бугарија, привеле 721 мигранти, за агенцијата посочил безбедносен извор, кој побарал анонимност. Во исто време, турската крајбрежна стража во Егејско море привела 65 мигранти, вклучувајќи и 13 деца. Други 12 биле фатени во крајбрежниот град Милас... Читать дальше...



Се спојуваат Еурофарм Работник и Пелистер – копја се кршат околу бојата на дресот

SlobodnaEvropa.mk 

Бојата на дресовите на идниот клуб Еурофарм Пелистер е главниот конфликт при спојувањето на ракометните клубови Еурофарм Работник и Пелистер. Едните играат во сино-бели, а другите во зелени дресови.

Германија воздржана за учество во мисија во Ормускиот Теснец

SlobodnaEvropa.mk 

Германија не е подготвена да се придружи во воената мисија во Ормускиот Tеснец што ја предложи САД, но би се сложила да учествува во Европска мисија, соопштија денеска од канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел. Владата на Меркел со ова одговори на предлогот на Вашингтон даден ден претходно да се осигура безбедноста во заливот и да се пресретне “иранската агресија” во време на зголемени тензии меѓу САД и Иран. Портпаролката на Владата Улрике Демер рече дека Берлин продолжува да... Читать дальше...

Црна Гора- пратениците не гласаа за истополово партнерство

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието на Црна Гора денеска не го усвои законот за животно партнерство меѓу лица од ист пол со кој на истополовите двојки требаше да им се овозможи да ги имаат истите права како хетеросексуалните двојки, само без можност да посвојуваат деца. За усвојување гласале 38 пратеници, четворица биле против, а опозициските пратеници не биле во салата за време на гласањето. За усвојување на законот беше потребно мнозинство од 81 пратеник. Со предлог законот не е овозможено родителство, старателство, хранителство и посвојување деца. Читать дальше...

Алтернатива на Гаши почнува формална соработка со партијата на Ердоган

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши деновиве престојува на официјална посета на Анкара во чии рамки се сретнал со генералниот заменик претседател на АК Партија (Партија на Правда и Благосостојба), Нуман Куртулмуш, информираат од Алтернатива. “Оваа средба се реализира со цел воспоставување на формална соработка помеѓу Алтернатива и АК Партија, како две десничарски партии. Двете страни се договорија дека соработката треба да се развие и да се продлабочи понатаму и во најкраток рок да се формализира... Читать дальше...

Авганистан- од експлозија на бомба загинати најмалку 35 цивили

SlobodnaEvropa.mk 

Од експлозија на бомба поставена на патот во западната авганистанска провинција Фарах денеска загинаа најмалку 35 цивили кои се наоѓале во автобусот кој минувал по патот, соопштија тамошните власти. Тие додаваат дека од експлозијата има и десетици повредени. Засега ниту една милитантна група не ја презема одговорноста за нападот.



Талевски: На снимката не барам ништо незаконско

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Прилеп Миле Талевски попладнево реагираше на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која беше пуштена аудио снимка на која се слушаат гласовите на Талевски и на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.  Талевски вели дека станува збор за снимка направена на партиски состанок во партиските простории. “На снимката јасно се слуша дека ги повикувам нашите членови, независно каде се вработени, да работат исклучиво согласно закон, професионално... Читать дальше...

Косовските власти убедени дека Морина нема да биде екстрадиран во Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Јетлир Зиберај, советникот на шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли, тврди дека поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, Томор Морина не може да биде екстрадиран во Србија. "Да бидам јасен: Не постои шанса поранешниот борец за слобода Томор Морина да биде екстрадиран во Србија. Ние имаме блиска соработка со властите во Северна Македонија преку дипломатски и институционални канали, со цел постапката да се спроведе побрзо и Тимор да се врати кај своето семејство", напишал Зиберај на својот Фејсбук профил... Читать дальше...

Мета: Избори мора да има сега, во септември ќе биде предоцна

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот претседател, Илир Мета, порача дека на државата ѝ се потребни моментални предвремени избори, бидејќи во септември ќе биде предоцна. „Албанија има потреба од избори. Сега! Во септември ќе биде предоцна. Политичките лидери мора да се откажат од тврдоглавоста и да не одат по две спротивни патеки, недемократски и неевропски, со што двете страни ја оставаат земјата на неодредено време надвор од безбедниот европски и посакуван пат од сите Албанци“, напиша Мета на својот Фејсбук профил.

Тадиќ ќе го тужи Вучиќ за прислушување

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот српски претседател и актуелен лидер на српската Социјалдемократска партија, Борис Тадиќ, ги отфрла обвинувањата дека опозицијата била прислушувана за време на неговиот мандат и изјави дека актулниот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ не покажал докази за тоа кога пред неколку дена обвини дека претседателот Александар Вучиќ бил прислушуван 13 години. Напротив, Тадиќ вели дека опозицијата го прислушувала него. Тадиќ рече дека опозицијата не била прислушувана додека бил претседател... Читать дальше...

Захарова: Париз не треба да ја учи Москва како се реагира на протести

SlobodnaEvropa.mk 

Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,  денеска реагираше на ставот на француското МНР дека реакцијата на полицијата на протестите во Москва била непропорционална. Таа смета дека Париз не треба да ја учи Москва како се реагира на протести, особено ако се имаат предвид, како што вели Захарова, суровите методи на француската полиција спрема „жолтите елеци“. „Министерството за надворешни работи на Франција е загрижено поради протестите во Москва. Таа иста Франција... Читать дальше...

Владата ќе субвенционира и купување нови возила

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за економија, Крешник Бектеши, соопшти денеска дека ако некој сака да го замени старото возило со ново, ќе има можност да добие субвенција од 2.000 до 3.000 евра. Според него, критериумите за поддршката се уште не се дефинирани, но веројатно ќе базираат на приходите во семејствата. Бектеши на прес-конференција рече дека ова е една од мерките предвидени со новиот Закон за моторни возила, што беше донесен вчера во Собранието. „Ако има ребаланс на Буџетот реализацијата на оваа и останатите планирани мерки ќе почне годинава... Читать дальше...

По „Слободна Далмација“, дојава за бомба и во редакцијата на весникот „Јутарњи лист“

SlobodnaEvropa.mk 

Вработените во зграда „Ханза Медиуми“ во Загреб, каде канцеларија има и редакцијата на „Јутарњи лист“, денеска биле евакуирани поради дојава на бомба. Дојавата била испратена во одделението на „Јутарњи лист“ за некролози. Хрватската полиција го истражува случајот. Пред два дена беше евакуирана зградата на „Слободна Далмација“ во Сплит, по што се утврди дека се работи за лажна дојава за подметната бомба.

ВМРО-ДПМНЕ со аудио снимка обвини дека Сугарески во прилепската болница агитирал за кого да се гласа

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини СДСМ дека „за време на претседателските избори направил злоупотреба со тоа што функционери агитирале кај гласачи во јавни институции да си ги одработат работните места“. Во прилог на обвинувањето ВМРО-ДПМНЕ објави аудио снимка, која што е пуштена на Интернет, и на која, според Игор Николов од ИК на ВМРО-ДПМНЕ, се слушаат гласовите на Миле Талевски, претседател Општинската организација на СДСМ во Прилеп и Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски. Николов рече... Читать дальше...

Хрватската претседателка демантира дека кажала оти БиХ е исламистичка држава

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави денеска дека не кажала оти БиХ е нестабилна и исламистичка држава, што предизвика низа реакции. „Апсолутно не кажав дека БиХ е нестабилна и исламистичка… Треба малку да се размисли за односите меѓу БиХ и Хрватска. БиХ презема низа чекори кон Хрватска кои се многу агресивни, од обвинувања за илегална работа на нашите тајни служби до закани кон правосудните органи“, рече Грабар-Китаровиќ. „Џерусалим пост“ објави вчера, пренесувајќи детали... Читать дальше...

Заев: Груевски нека дојде да помогне, и одлежувањето на казната е помош

SlobodnaEvropa.mk 

На новинарско прашање за обраќањето на екс-премиерот во бегство Никола Груевски на Фејсбук, во кое тој ѝ нуди помош на актуелната Влада, премиерот заев денеска го повика Геуевски да се врати во македонија, зошто и одлежувањето на казна затвор е помош. „Мора да дојде. Нека дојде. Треба помош во државата. Помош во државата е и кога ќе си ја реализирате казната. Сѐ е помош. Сите испраќаме порака на одговорност со сѐ, заради тоа можам да испратам навистина двосмислена порака – нека се врати дома“, рече Заев. Читать дальше...

Филипче: Новиот клинички центар ќе чини 500 милиони евра и ќе биде готов за 7 години

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска информираше дека новиот клинички центар ќе биде целосно готов за седум години, а целиот проект ќе чини 500 милиони евра. Според министерот, парите ќе бидат обезбедени преку банките Ерсте груп, Рајфајзен банк и Уникредит банка, а градбата ќе започне на почетокот на 2020 година. „Првата фаза ќе биде готова за 3,5 години кога би се префрлиле некои оддели. Најпрво ќе функционираат хируршките клиники, операционите сали и ургентниот центар. Потоа ќе се префрлат клиниките за гинекологија... Читать дальше...


Музыкальные новости
Рихард Вагнер

В Зарядье покажут постановку Рихарда Вагнера «Летучий голландец»





Rss.plus
Спартак

Легенда "Спартака" Ловчев: немного перестал уважать Галицкого за отставку Ивича




Андрей Воробьев: в Дзержинском модернизируют магистральную теплосеть М-5

В Колпино неизвестные затолкали девушку в Lada и увезли в другой регион

МИД назвал вбросом обвинения Пентагона в запуске Россией противоспутникового оружия

В Москве пройдет семинар по вопросам порядка ...




Прифатено обвинението за „Талир 2“ против Груевски и Божиновски

SlobodnaEvropa.mk 

Кривичниот суд денеска на јавна седница го одобри обвиненителниот акт за случајот „Талир 2“ кој се однесува на незаконска изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и го доставила до странките. Откако по оценетиот обвинителен акт ќе биде формиран предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување ќе биде закажан и термин за главна расправа, соопштија од Судот. „Советот за оценка на обвинителен акт кој постапува по актот со НСК КО 15/18 од 22.11.2018 од обвинителството означен како „Талир 2“, на 10 и 11. Читать дальше...

Кога пописот ќе стане статистичка, а не политичка операција?

SlobodnaEvropa.mk 

Власта и опозицијата не се согласуваат за терминот на пописот и за тоа кое тело да биде надлежно за неговото спроведување. Аналитичари велат дека таквото барање е политичко и нема врска со процедурите на Евростат.

Ерата на локалните шерифи не е завршена

SlobodnaEvropa.mk 

Нефи Усеини, Курто Дудуш и други политичари и функционери се само врвот на ледениот брег кој укажува на чувството на семоќ, бидејќи засега нема правна, но ни политичка одговорност.

Кочан денеска не дошол во Идризово на издржување на казната за „Труст“

SlobodnaEvropa.mk 

Бизнисменот Сеад Кочан, осуден на затворска казна од 4 години и 8 месеци во случајот на СЈО - „Труст“, денеска не се јавил во затворот Идризово на издржување на казната. Затворската управа веднаш го известила Судот дека осудениот не се јавил во нивната институција. Кочан известувањето за издржување на затворската казна го примил утрово, објавија дел од медиумите, додека известувањето до затворот Идризово, дека Кочан денеска треба да се јави кај нив, стасало вчера. Следните постапки се затворот... Читать дальше...

Ако нема договор, Тачи подготвен да распише нови избори

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска се сретна со претседателката на Централната изборна комисија на Косово, Валдете Дака, со која разговараше за подготвеноста на оваа институција за организирање на предвремени избори, доколку тоа биде потребно, објавија косовските медиуми. Тачи истакнал дека во согласност со уставната обврска што произлегува од член 95, ќе ги искористи сите можности во консултација со политичките партии претставени во Собранието на Косово да најде одговор за новата политичка реалност, јавува Зери. Читать дальше...

Синот на пратеникот Адеми ранет од заталкан куршум на свадба

SlobodnaEvropa.mk 

Две лица, од кои едното синот на пратеникот од ДУИ Џевад Адеми, биле ранети на свадба во Мала Речица синоќа по 22 часот. Од семејството на Адеми за албанските медиуми потврдиле дека од заталкан куршум биле ранети две лица кои се пренесени во болница во Скопје и дека еден од нив е синот на пратеникот. Од МВР соопштија дека повредените се на возраст од 26 и 27 години. „На 30.7.2019 околу 22 часот, на свадбена свеченост организирана во дворот од куќата на 47-годишниот Б.Д, на улица „172“ во тетовска Мала Речица... Читать дальше...



Москва

V Общероссийская конференция «Устойчивое развитие этнокультурного сектора» представит калейдоскоп успешных практик в сфере социального проектирования


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин. Главное за день



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Баста

Редакция АН «Между строк» разыгрывает 2 билета на Басту и ещё 8 сертификатов среди подписчиков своего Telegram-канала




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Олимпийский чемпион Роман Костомаров поздравил победителей номинации «Экскурсия без границ» программы «Лига Экскурсоводов»

Клиенты СберСтрахования стали в 1,5 раза чаще приобретать страховки для бегунов

«Шушумагия» и «Команда МАТЧ» – в топ-25 мультсериалов на «Кинопоиске»


WTA

Шнайдер вышла в финал турнира WTA-125 в Париже, обыграв Грачёву



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

«СВЯТОЙ ЛЕНИН» УЛУЧШАЕТ ЗАКОНЫ, управляет патентами и улучшает командное планирование в целях учёта интереса всего народа.



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России