Ќе се прави студија за интернет и во т.н. бели зони во Македонија
Министерството за информатичко општетсво и администрација (МИОА) очекува во октомври годинава да почне изработката на студијата за изводливост за националната транспортна оптичка мрежа до т.н „бели зони“ каде нема пристап до супер/ултра брз интернет (поголем од 100Мбпс).
„На овој начин, но и со серија на други мерки предвидени во Националниот бродбенд план, ќе се зголеми брзината и користењето на интернетот во нашата земја, и веруваме дека со тоа Северна Македонија, при следното мерење на телекомуникациските услуги, ќе биде позиционирана на подобро место, споредено со оваа година“, соопшти МИОА.