САД се залагаат за подобрување на односите со Казахстан
Американскиот државен секретар Мајк Помпео по разговорите со казахстанскиот министер за надворешни работи Беибут Атамкулов во Вашингтон изјави дека САД сакаат да ги зајакнат односите со централноазиската нација.
Посетата на Атамкулов на САД е еден месец по изборот на Касим Зомарт Токаев за нов претседател на Казахстан. Помпео на Твитер напиша дека САД силно го поддржуваат засиленото стратешко партнерство со Казахстан и очекуваат и во иднина односите да се подобруваат.