Путин: Подморницата во која избувна пожар е на нуклеарен погон
Рускиот претседател Владимир Путин објави дека подморницата за длабоки води која беше погодена од смртоносен пожар на почетокот на неделава, била на нуклеарен погон, а министерот за одбрана го увери во задржувањето на реакторот на подморницата.
Кремљ денеска соопшти дека Путин разговарал за прашањето со министерот за одбрана Сергеј Шојгу пред да замине за Италија.
За време на состаноткот во Кремљ, три дена по инцидентот, Путин за прв пат го откри фактот дека тајната воена подморница била на нуклеарен погон, брајаќи од Шојгу информации за состојбата по пожарот во кој загинаа 14 морнари.
„Нуклеарниот реактор во подморницата е комплетно изолиран. Сите неопходни мерки се преземени од страна на екипажот да се заштити реакторот, кој е во целосен работен ред“, му кажа Шојгу на Путин според транскриптот издаден од страна на Кремљ.
Ова води кон тоа да се надеваме дека за многу кратко време подморницата може да се врати во употреба, додаде тој. Шојгу изјави дека пожарот избувнал во одделот за батерии на подморницата, но не кажа што го предизвикал пожарот.