Амбасадорката Брнс порачува - Продолжуваме со придонес кон вашата позитивна иднина
Новата американска амбасадорка во Макеоднија, Кејт Брнс во видео обраќање пред преземањето на должноста порачува дека е почестена што ќе ги претставува САД и оти ќе работи на зацврстување на врските меѓу двете земји и интеграција на Северна Македонија во НАТО и ЕУ.
„САД се горди на силното пријателство со луѓето од Северна Македонија. Ја цениме храброста и професионализмот на вашите војници и очекуваме да ве поздравиме како 30 членка на НАТО. Почестена сум што ја имам можноста да ја зацврстам врската помеѓу нашите две земји. Северна Македонија сега е на својот одбран пат кон НАТО и ЕУ. Тимот во Амбасадата на САД во Скопје и јас ќе работиме за да и помогнеме на Северна Македонија на овој пат и да создаваме нови можности за напредок преку нашата соработка и програми за размена, мировниот корпус и мисијата на УСАИД. Сакаме да продолжиме со придонес кон вашата позитивна иднина“, наведува Брнс.
Кејт Мери Бирнс по потврдувањето на нејзината номинација, минатиот месец положи свечена заклетва како нова амбасадорка на САД во Македонија.
Брнс доаѓа на местото на Џес Бејли, кој од функцијата замина во март годинава