Амбасадорот на САД во Белград го повика Косово да ги укине царините
![Амбасадорот на САД во Белград го повика Косово да ги укине царините](https://gdb.rferl.org/F5C61BC5-8809-4E11-9931-18C9290C22F5_cx17_cy25_cw74_w800_h450.jpg)
Американскиот амбасадор во Белград, Кајл Скот изјави денеска дека Косово треба да ги укине царините на стока од Србија, со цел да продолжат преговорите меѓу двете земји. Тој порача и дека САД и понатаму го признаваат „водството“ на ЕУ во тој дијалог.
„Пречка за тоа се тарифите и ние јасно укажавме до Владата на Косово дека треба да ги укине, со цел да се седне на преговарачка маса, а таму е најголемиот предизвик“, истакна Скот.