Путин и Ердоган телефонски разговарале за испораката на ракетниот систем
![Путин и Ердоган телефонски разговарале за испораката на ракетниот систем](https://gdb.rferl.org/C6AD1FEE-98A9-446F-91A3-C1FEDABB2D55_cx0_cy1_cw0_w800_h450.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарале за испораката на рускиот ракетен систем С-400, бидејќи договорот е во процес на спроведување, соопшти Кремљ. Договорот предизвика тензии меѓу САД и Турција.
САД ја повикаа Турција која е земја-членка на НАТО да се откаже од договорот до 31 јули, бидејќи во спротивно на Анкара нема да и биде дозволено да ја купи наредната генерација на борбени авиони Ф-35.