Трамп против планот на демократите за животната средина
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бара „практични решенија“ за проблемите со животната средина во САД, додавајќи дека „силната економија е од витално значење за зачувувањето на природата“. Во говорот од Белата куќа тој го критикуваше таканаречениот Зелен нов договор, план предложен од некои демократи за справување со климатските промени во светот.