Мицкоски: Заев наместо извинување требаше да поднесе оставка
![Мицкоски: Заев наместо извинување требаше да поднесе оставка](https://gdb.rferl.org/405EDAFB-EC83-44DC-8921-D5F129A7AD33_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека премиерот Зоран Заев наместо да се извинува требало веднаш да ја напушти функцијата и да распише предвремени парламентарни избори.
„Мислам дека единственото извинување што требаше господинот Заев денеска да го каже на неговата прес-конференција требаше да биде содржано во две реченици, се срамам од тоа што го направив и веднаш ја напуштам функцијата претседател на Владата на Република Македонија, предлагам парламентарното мнозинство во најскоро време да се состане, да се формира техничка влада и во рамките на 100 дена од овој ден да се одржат предвремени парламентарни избори“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Петровец.
Мицкоски порача и дека е катастрофално тоа што можело да се чуе во разговорите што Заев ги водел, особено, како што наведе, согласноста за поткупот на Патријархот Вартоломеј.