Во Стоби откриена скулптура на богот Дионис со пантер
![Во Стоби откриена скулптура на богот Дионис со пантер](https://gdb.rferl.org/83F547C5-1762-4684-8D6D-B4B1291BBEFF_cx0_cy60_cw0_w800_h450.jpg)
На археолошкиот локалитет Стоби минатата седница била откриена мермерна скулптура со претстава на богот Дионис. Од локалитетот соопштуваат дека се работи за исклучителното откритие кое е резултат на археолошките истражувања во рамките на летната интернационална школа за теренска археологија.
„Скулптурата која најверојатно била изработена во 2-3 век од н.е. е сочувана во височина од околу 50 см. Откриена во секундарен контекст, односно во остатоците од срушен ѕид од куќа од 6-иот век, каде била употребена како градежен материјал. Токму поради тоа недостасуваат главата, десната рака и постаментот со стапалата“, се наведува во соопштението.
Со оглед на тоа што во 6-иот век, христијанството е доминантната религија, како што се посочува, чест е случајот на уништување и употреба на скулптурите на паганските божества од претходните векови како градежен материјал.