Ердоган: ЕУ не ги исполнува обврските од договорот со Турција
![Ердоган: ЕУ не ги исполнува обврските од договорот со Турција](https://gdb.rferl.org/FABCCAB3-CBE1-4445-B581-0E58C2F1A7F2_cx40_cy5_cw60_w800_h450.jpg)
И покрај огромниот придонес од Турција за безбедноста на Европа, како помошта да се справи со бегалската криза, помошта која за возврат беше очекувана од страна на европските земји не беше реализирана, вели претседателот Реџеп Таип Ердоган.
„Ние многу придонесовме за безбедноста на целиот европски континент, а особено на Балканот. Но и покрај тоа, ние не добивме поддршка и хуман однос од страна на нашите пријатели во Европа во тешките мигови“, изјави Ердоган.
Претседателот на Република Турција присуствуваше на Самитот за соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа во Сараево, каде се сретна со останатите лидери и дискутираше за безбедност и соработка меѓу земјите од Балканот.
Ердоган изјави дека регионот се соочува со нов бран на нелегална миграција од Сирија, Ирак, Авганистан и Северна Африка и додаде дека Турција до сега потрошила преку 37 милијади долари само за бегалците од Сирија.