Путин е против санкции за Грузија
![Путин е против санкции за Грузија](https://gdb.rferl.org/B9BE1FF7-A905-4387-A107-2F5F72387452_w800_h450.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин го отфрлил предлогот на парламентот да наметне санкции за Грузија, велејќи дека работата за подобрување на односите е многу поважна од реакцијата на провокациите на еден телевизиски водител, јавува Ројтерс.
Путин се огласи кратко време откако рускиот парламент едногласно ја поддржа резолуцијата со која се бара владата да наметне санкции за Грузија, што пак треба да ја одобри претседателот. Спроведувањето на санкции би можело да доведе до ескалација на политички конфликт со соседите.
Во изминативе неколку недели Москва се пожали на протести против Кремљ во Грузија, а во понеделникот остро го осуди телевизискиот водител кој со вулгарни зборови го нападна Путин. Грузискиот опозициски телевизиски канал Рустави 2 го суспендираше на два месеци водителот, бидејќи за време на програмата користеше вулгарни зборови со кои го опишуваше рускиот претседател Владимир Путин.