Меркел повторно се тресеше на јавен настан
Германската канцеларка Ангела Меркел повторно беше забележана како тресе. Оовој пат на денешната средба со финскиот премиер Анти Рине. Меркел се тресеше за време на воените почести по повод посетата на Рине.
На 27 јуни Меркел се тресеше додека стоеше покрај германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер при церемонијата за назначување на нов министер за правда. На 18 јуни, Меркел исто така за прв пат беше видена како се тресе на пречекот на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Берлин. Подоцна таа изјави дека откако пиела вода се чувствувала подобро.