Меј: Кој и да ме наследи ќе биде одличен премиер на Британија
Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека кој и да победи во трката за лидер на Конзервативната партија ќе биде одличен премиер. Во трката за функцијата се Борис Џонсон, поранешниот шеф на британската дипломатија и сегашниот министер за надворешни работи Џереми Хант.
Тие ќе наследат Парламент во кој Конзервативната партија нема мнозинство. Меј владееше со поддршката на Демократската унионистичка партија на Северна Ирска.