Ограничување на последиците од Договорот од Преспа- приоритет на грчкото МНР
Ограничување на негативните последици од Договорот од Преспа и европската перспектива на Западен Балкан се дел од седумте итни приоритети на грчкoто Министерството за надворешни работи, јавува новинската агенција МИА. Меѓу другите приоритети е наведено дека должност на Министерството е да ја зајакне позицијата на Грција во светот, додека во итните приоритети е наведено дека е неопходно надградување на грчкото присуство во Европската унија, потоа зајакнување на врските на земјата со традиционалните сојузници како и меѓународната соработка под услови на меѓусебнопочитување со земјите од Западен Балкан.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на првата владина седница им поделил на министрите по една папка во која биле наведени „целите на секое министерство, но и на нерешените прашања и на обврските што ги остави претходната влада”.