Уапсени десетици демонстранти во Русија
![Уапсени десетици демонстранти во Русија](https://gdb.rferl.org/E8C20077-17CC-44B6-A9C4-DFEACA513F04_w800_h450.jpg)
Полицијата во Москва уапси десетици демонстранти кои протестираа пред Врховниот суд во знак на солидарност со четворица кримски Татари кои беа осудени под обвинение за тероризам.
Протестите се одвиваа за време на рочиштето на кое требаше да се разгледува жалбата на осудените на затворски казни од 9 до 17 години. Вчера полицијата уапси седум активисти кои протестираа против третманот на Русија на кримските Татари во Крим.