ЕП на 16 јули ќе гласа за номинацијата на Лајен
![ЕП на 16 јули ќе гласа за номинацијата на Лајен](https://gdb.rferl.org/13EE3AEA-2383-4A04-A26D-06D97921F3E7_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Европскиот парламент на 16 јули ќе гласа за номинацијата на Урсула фон дер Лајен за претседател на Европската комисија, како што и беше предвидено, соопшти портпаролот на ЕП.
Лајен вчера ги повика владите на земјите-членки на ЕУ да остават отворен пат за членството на земјите од Западен Балкан во Унијата. Таа при нејзиното обраќање во Европскиот парламент изрази надеж дека Велика Британија ќе остане во Унијата