МНР објави дежурен телефон за евентулано повредени во невремето во Халкидики
![МНР објави дежурен телефон за евентулано повредени во невремето во Халкидики](https://gdb.rferl.org/01E65B8F-2AF2-4F6F-8E5A-148C0F80C84A_cx0_cy4_cw0_w800_h450.jpg)
Министерството за надворешни работи објави дежурен телефонски број на кој македонските државјани ќе можат да се јават доколку евентуално се повредени во невремето што го зафати синоќа полуостровот Халкидики во Грција.
Дежурниот број од Генералниот конзулат во Солун е 00306987200410.
Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции.
Во невремето што го погоди Халкидики, една најпосетуваните летни дестинации на македонските туристи, животот го загубија најмалку седум лица, меѓу кои и две деца, а десетици се повредени.