Трамп се откажа од прашањето за државјанство во пописот на населението
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема повеќе да се залага за вметнување на прашањето на државјанство во пописот кој треба да се одржи наредната година. Наместо тоа, Трамп истакна дека ги упатил федералните агенции да ги добијат информациите користејќи постоечки бази на податоци, бидејќи веројатно судските предизвици би го одложиле пописот.
Таквиот чекор на Трамп доаѓа по долгиот спор околу вклучувањето на прашањето, кое го блокираше Врховниот суд минатиот месец. Врховниот суд соопшти дека владата не ја оправдала мотивацијата за вклучување на прашањето во пописот.
Прашањето „Дали оваа личност е граѓанин на САД? не било поставено на спроведен попис во земјата од 1950 година, иако во периодот од 1970 до 2000 година беше побарано од некои групи на граѓани.