Отворена дисциплинска постапка за просветниот инспектор Илиевски
Покрената е дисциплинска постапка за вишиот просветен инспектор Ѓорги Илиевски кој јавно откри дека по изврешна контрола во Тетовскиот универзитет тројца функционери незаконски се стекнале со повисоки стручни звања: министеорт за образование Арбр Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Сафет Емрули.
Од Државниот просветен инспекторат велат дека дисциплинската постапка е покрената по поднесена иницијатива до нив дека Илиевски изнесувал факти за предмети кои немаат конечност во постапката.
Илиевски кој на 19 јули треба да се појави пред дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, вели дека ќе инсистира сослушувањето да биде јавно, бидејќи според него на дисциплинската постапка е повикан бидејќи открил незаконитост. Тој вели дека случајот е пријавен кај Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Државната комисја за спречување на корупцијата и Инспекцискиот совет.
Илиевски за медиумите вели дека пред да го добие известувањето за дисциплинската постапка пред неколку дена, бил замолуван од министерот за образование да го сокрие случајот, а дека заменикот министер за внатрешни работи му се заканувал да внимава поради тоа дека имал семејство и деца.
„Од страна на директорот (на инспекторатот) Томе Спировски и од инспекторот Африм Салиу ми беше укажувано да не излезат тие записници и решенија во јавноста, да се сокријат, во спротивно дека ќе има последици по мене“, вели Илиевски.