Средба на Заев со новата американска амбасадорка Брнс
Премиерот Зоран Заев денеска ја прими новоименуваната амбасадорка на САД во земјава Кејт Мари Брнс, соопшти владината прес-служба. Оттаму надуваат дека двајцата соговорници се согласиле дека Северна Македонија останува стабилен стратешки партнер на САД фокусиран на заедничките заложби за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот, како и на заедничките активности во борбата против тероризмот и другите закани кон мирот во светот.
Во соопштението стои дека Заев и посакал добредојде и успешен мандат на амбасадорката Брнс во Северна Македонија и изразил благодарност за „одличната работа“ на претходниот американски амбасадор Џес Бејли и заменик шефот на мисијата, Микаела Швајцер Блум.
Премиерот Заев како долгорочен интерес на земјата го издвоил натамошното интензивирање на билатералната политичка и економска соработка со САД, како и посветеноста на реформската ЕУ агенда за достигнување конкретни резултати во областа на владеењето на правото, антикорупцијата, реформите во безбедноста и јавната администрација.