ВМРО ДПМНЕ бара оставка од министерот Спасовски
Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција го повика Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да си оди од функцијата, наведувајќи дека откако тој е на чело на институцијата, се случиле дестина тешки грабежи и неколку ограбени банки, а ниту еден расветлен случај.
Ѓорѓиевски рече дека криминалците се слободни да прават дрски кривични дела сред бел ден, а за тоа не одговара никој од нив.
Од ВМРО ДПМНЕ се осврнаа и на случајот од пред неколку дена во центарот на Прилеп, кога беше е фрлена бомба во кафуле.
„Спасовски или е целосно неспособен да преземе акција или пак е во коалиција со криминалното подземје, трето нема. Што и да е, Спасовски мора да си оди и тоа веднаш“,рече Ѓорѓиевски пред новинарите.
Тој додаде дека партизацијата на МВР е евидентна и е спротивна од професионализацијата.