Иран негира дека запленил странски танкер и покрај обвинувањата од САД
![Иран негира дека запленил странски танкер и покрај обвинувањата од САД](https://gdb.rferl.org/8783079E-898A-432B-B602-61F10FA41F1A_w800_h450.jpg)
Иранските власти соопштија дека му помогнале на странски танкер за нафта во Ормутскиот теснец и покрај загриженоста од САД дека Техеран го запленил бродот. Портпаролот на иранското МНР, Абас Мусави изјави дека танкерот бил однесен на пристаниште поради технички проблеми.
Но, САД соопштија дека танкерот не бил во контакт со неговиот сопственик од Обединетите арапски емирати откако неговиот транспондер бил исклучен на 13 јули. Последната позната позиција на танкерот е на Ормутскиот теснец.