Мирчеа Џоана назначен за заменик на Столтенберг
НАТО го назначи поранешниот романски министер за надворешни работи Мирчеа Џоана за заменик генерален секретар, објави шефот на алијансата Јенс Столтенберг. Џоана, кој е поранешен лидер на романската Социјалдемократска партија (ПСД), ќе ја замени Германката Роза Готемоелер.
Џоана е застапник на трансатлантските обврзници и ќе донесе долгогодишно искуство како дипломат и државник на оваа функција. Тој ќе биде првриот Романец која ќе ја извршува оваа висока функција, рече Столтенберг.
Џоана беше минисртер за надворешни работи меѓу 2000 и 2004 година и се кандидираше за претседател во 2009 година, кога тесно загуби во вториот круг од актуелниот претседател Басеску.