Американски сенатор бара истрага за популарна руска апликација
![Американски сенатор бара истрага за популарна руска апликација](https://gdb.rferl.org/74276D00-00CA-4C82-BE23-A6F2955F38EE_w800_h450.jpg)
Американскиот сенатор и лидер на сенатското малцинство, Чак Шумер повика на истрага поради загриженоста за националната безбедност и приватност во врска со популарната апликација за уредување на лице, чиј инвеститор е со седиште во Русија. Шумер кој е демократски сенатор од Њујорк во писмо до ФБИ и до Федералната комисија за трговија посочува дека апликацијата „FaceApp “ бара од корисниците да обезбедат „целосен и неотповиклив пристап до нивните лични слики и податоци“.
Според него, пристапот може да претставува "ризик за националната безбедност и приватноста на милиони граѓани на САД". Апликацијата има повеќе од 80 милиони активни корисници. За апликацијата воведена во 2017 година, која е предводена од компанијата на поранешниот директор на Јандекс, Јарослав Гончаров, нема докази дека споделува кориснички податоци со трети лица, вклучувајќи ја и руската влада.