Жбогар ги повика институциите да соработуваат за препораките на УНЕСКО
![Жбогар ги повика институциите да соработуваат за препораките на УНЕСКО](https://gdb.rferl.org/75776437-509F-481E-BA34-466F12071E85_cx31_cy15_cw47_w800_h450.jpg)
Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар порача дека сега е моментот за вистинска соработка меѓу сите институции на национално и локално ниво за да се исполнат препораките на УНЕСКО за Охрид. Според него, потребно е да се најдат нови начини за справување со проблемот.
„Секогаш верувам дека е подобро сами со сопствени сили да се справите со проблемите. Од 4 јули кога УНЕСКО ја даде препораката, до 1 февруари има 30 недели што можат да се искористат за да се реши проблемот. Од тогаш поминаа две недели и не гледаме никаков резултат, иако сметам дека навистина треба да се вложат сите напори за да дојде до тој резултат“, изјави Жбогар во Слатино.