Иран демантира дека САД им уништиле беспилотно летало
Ирански власти демантираат дека американски воен брод вчера уништил беспилотно летало на земјата во Ормутскиот теснец. Иранскиот заменик министер за надворешни работи Абас Арагчи на Твитер напиша дека Техеран „не загубил ниту еден дрон во Ормутскиот теснец или на било кое друго место“. Претседателот на САД Доналд Трамп обраќајќи се во Белата Куќа во Вашингтон истакна дека тоа е последната непријателска акција на Иран.