Гибралтар ќе го задржи иранскиот танкер уште 30 дена
![Гибралтар ќе го задржи иранскиот танкер уште 30 дена](https://gdb.rferl.org/6D620116-A52F-4AF9-8F0A-03AE4C41A085_w800_h450.jpg)
Врховниот суд на Гибралтар пресуди дека запленетиот ирански танкер за кој постои сомневање дека ги прекршил санкциите на ЕУ може да биде задржан уште 30 дена. Иранскиот танкер беше запленет со помош на британската кралска морнарица на брегот на Гибралтар поради сомневањата дека ги прекршил санкциите со транспортирање нафта во Сирија.
"Со нетрпение очекуваме да продолжиме конструктивно и позитивно да работиме со официјални претставници на Иран за да го олесниме ослободувањето на „Грејс 1“ во согласност со сите законски барања", рече главниот министер на Гибралтар Фабијан Пикардо.
Пикардо истакна дека се сретнал приватно со иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, претходно оваа недела во Лондон за да ги смири тензиите околу запленувањето на танкерот. Според него, средбата била конструктивна и позитивна.