Меркел: Британија ќе остане партнер и по заминувањето од ЕУ
![Меркел: Британија ќе остане партнер и по заминувањето од ЕУ](https://gdb.rferl.org/E3F8DD71-18C9-4929-81D1-221D53CE4F5E_cx52_cy20_cw49_w800_h450.jpg)
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека Британија ќе остане партнер на земјата иако повеќе нема да биде членка на ЕУ во иднина. Според неа, работата со наследниот на британската премиерка Тереза Меј ќе зависи од неговиот пристап кон Европската комисија. Британија треба да ја напушти ЕУ на 31 октомври. Борис Џонсон е фаворит за лидер на Конзервативната партија.