Иран тврди дека сите 23 морнари од запленетиот британски брод се безбедни
![Иран тврди дека сите 23 морнари од запленетиот британски брод се безбедни](https://gdb.rferl.org/CCFE6FD2-1436-4039-BFEF-D9366146F514_w800_h450.jpg)
Иранските власти денеска тврдат дека сите 23 членови на екипажот на танкерот кој пловеше под британско знаме се безбедни и во добра здравствена состојба. Лондон го осуди запленувањето на бродот во Ормутскиот теснец и тврди дека тој легално пловел во оманските територијални води.
“Сите 23 члена на екипажот се безбедни и во добра здравстена состојба”, рече Алахмурад Афифипоурм, раководител на поморската служба во провинцијата Хормозган.
Лондон го смета запленувањето на бродот во заливот на 19 јули за непријателски акт и ги отфрла тврдењата на Техеран дека го заплениле бидејќи бил вклучен во инцидент.