ВМРО-ДПМНЕ - подготвуваме предлог закон за јавно обвинителство
ВМРО-ДПМНЕ подготвува предлог закон за јавно обвинителство и истиот многу брзо ќе биде составен до Собранието и до јавноста, соопшти денеска опозициската партија наведувајќи дека законот кој го предлага СДСМ наместо правна држава „треба да го зајакне рекетарско-судско-политичко-медиумскиот октопод кој е создаден од оваа власт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека законот кој го предлага СДСМ е надвор од европските стандарди и оти имал единствена цел „да ја змолкне опозицијата.“
„Законот на СДСМ е неприфатлив и од персонален план кој Заев сака да го наметне, бидејќи тој е синоним за политичкото влијание врз судството. Јасна е тенденцијата на Заев и СДСМ да создадат алатка со која ќе го продолжат притисокот врз секој оној кој што се спротивставува на нивниот криминал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.