Џонсон му понудил министерско место на конкурентот Хант, но тој го одбил
Новиот британски премиер Борис Џонсон му понудил на досегашниот шеф на дипломатијата Џереми Хант и негов противкандидат во Конзервативната партија, да биде министер за одбрана во новата влада, објави „Скај“.
Според телевизијата, Хант, кој вчера од Џонсон ја загуби трката за нов лидер на Конзервативната партија, ја одбил таквата понуда. Се наведува дека Џонсон по преземањето на должноста ќе започне со избор на нови членови на кабинетот.