Рекордно високи температури во Холандија и во Белгија
![Рекордно високи температури во Холандија и во Белгија](https://gdb.rferl.org/3D85997A-C2B9-43D4-9226-0A3AB604C296_cx0_cy9_cw0_w800_h450.jpg)
Рекордно високи температури се регистрирани денеска во Холандија и во Белгија, со 38,8 и 38,9 целзиусови степени, што се највисоки температури регистрирани во тие земји, јавија тамошните метеоролошки институти.
Во воената база Клајне-Брегал во северозападна Белгија денеска биле измерени 38,9 степени, што е историски рекорд за таа земја, изјави главниот метеоролог во Кралскиот метеоролошки институт Давид Денехау. Тоа е највисока измерена температура во земјата од почетокот на мерењето во 1833 година, напиша тој на Твитер.
Во ек на топлотниот бран кој ја зафати Европа, во местото Гилзе-Ријен во јужна Холандија, околу 15 часот биле измерени 38,3 степени, наведе холандскиот Кралски метеоролошки институт. Последниот рекорд во Холнадија беше 38,6 степени измерени во 1944 година.