ДУИ наспроти владиниот предлог закон: Бадентерово мнозинство за шефот на новото обвинителство
Пратеничката група на ДУИ бара шефот на новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција да се избира со двојно или Бадентерово мнозинство, изјави пратеникот на ДУИ, Артан Груби. Според него, во ДУИ немаат резерва кон ниту една личност која би била предложена за шеф на тоа ново обвинителство.
„Немаме резерва кон ниту една личност, но работа на Советот на обвинители е да избира обвинител, не е работа на Ахмети, Груби, Џафери. Па зашто да не е и Албанец новиот обвинител“, изјави Груби.
Барањето на ДУИ доаѓа и покрај тоа што со новиот предлог-закон што го подготви Владата е предвидено постапката за избор на шеф на новото обвинителство да оди преку Советот на обвинители, а не преку Парламентот.