Јеремиќ бара опозициско единство за бојкот на изборите во Србија
![Јеремиќ бара опозициско единство за бојкот на изборите во Србија](https://gdb.rferl.org/5D42DB27-28CC-4091-A4FC-729E9685030F_cx0_cy7_cw0_w800_h450.jpg)
Претседателот на српската Народна партија (НС), Вук Јеремиќ, изјави дека опозицијата мора да остане обединета во својата одлука да ги бојкотира изборите, ако власта до крајот на септември не обезбеди фер и демократски изборни услови.
„Мислам дека власта нема да обезбеди услови за фер и демократски избори и доколку опозицијата не излезе на нив, ќе биде оспорен легитимитетот на институциите и оваа ситуација не може да трае долго. Диктаторскиот режим, кој го сочинуваат комплетни дилетанти, нема да знае како да се справи со овој проблем“, рече Јеремиќ во Краљево, на форумот на Сојузот за Србија (СзС).