Градоначалниците на Карпош и Битола дале исказ за „Рекет“
![Градоначалниците на Карпош и Битола дале исказ за „Рекет“](https://gdb.rferl.org/7068F419-E3EE-4598-89F8-E03DD03D38AF_cx0_cy4_cw0_w800_h450.jpg)
Градоначалниците на Карпош и на Битола, Стефан Богоев и Наташа Петровска, дале исказ за случајот „Рекет“, соопштија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, но, во интерес на истрагата, велат оттаму, не можат да споделат детали за содржината на нивните изјави.
„Паралелно со прибирањето на вербални докази, обвинителството дава насоки и наредби за вршење и на други истражни дејствија. Вештачењата на прибраниот обемен материјал од извршените претреси е во тек. По наредба на обвинителството се врши и вештачење на содржината на пронајдениот и одземен втор мобилен телефон на јавниот обвинител“, соопштија од Обвинителството.
Во „Рекет“ осомничени се Бојан Јовановски - Боки 13 и Зоран Милески - Кичеец.