Заев ќе го разгледа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО
![Заев ќе го разгледа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО](https://gdb.rferl.org/9BBB0AC7-1EF5-4419-BB9E-815EBE084555_w800_h450.jpg)
Премиерот Зоран Заев најави дека викендов ќе го разгледува предлогот за судбината на СЈО што денеска го предложи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој рече дека се е вредно за размислување.
"Ние сакаме да го осигураме обвинителниот систем на Република Северна Македонија заради тоа што огромен дел од тоа е нашето правосудство со што ќе го осигураме и нашето идно членство во Европската унија преку октомврискиот Самит", изјави Заев.
Премиерот нагласи дека важно е да се обезбеди иднина на предметите на СЈО, и да нема влијание од политичарите врз правниот систем.
"Сите предлози ќе бидат ставени на маса со цел навремено да се донесе консензуално законско решение за судбината на СЈО", вели Заев.