ВМРО-ДПМНЕ бара пописот да се одложи за 2021 година
ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на пописот за 2021 година, а до тогаш ќе може да се донесе законот, но и да се направат неопходните подготовки, изјави денеска Илија Димовски, изнесувајќи ги забелешките на неговата партија за пописот на населението.
„Бараме дефинирање на сите изрази и поими кои се употребуваат во законот, што сега не е направено, мора да се дефинира што е население, што е домаќинство, што е официјално место на живеење. Ако има дефиниции нема да има различни толкувања. Нашите забелешки се без политичка конотација, туку се направени во соработка со стручни лица. За жал повторно имаме чувство дека пописот се користи за политички цели и е предмет на полтички калкуалции. Тоа не треба да биде“, изјави Димовски.