Борисов во Скопје на двегодишнината од Договорот за добрососедство
![Борисов во Скопје на двегодишнината од Договорот за добрососедство](https://gdb.rferl.org/D23D58E3-A9FA-4438-84B7-C1263E743A44_w800_h450.jpg)
Бугарскиот премиер Бојко Борисов на 1 август ќе престојува во посета на Скопје каде што заедно со премиерот Зоран Заев ќе ја одбележат двегодишнината од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка.
Според најавите, Борисов и Заев ќе имаат средба на која ќе го разгледаат напредокот на соработката на билатерален и мултилатерален план, а двајцата премиери ќе учествуваат на церемонијата на полагање цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Предвидено е Борисов во Скопје да се сретне и со шефот на државата Стево Пендаровски. Потоа Борисов ќе замине во Дојран, каде со македонскиот премиер Заев ќе го откријат споменикот на полковник Константин Каварналиев.