Владата му даде на Град Скопје да дистрибуира топлинска енергија
![Владата му даде на Град Скопје да дистрибуира топлинска енергија](https://gdb.rferl.org/96DC4F6A-2DA6-43BE-9592-94D975BDD31C_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Владата одлучила на Град Скопје да му се даде трајно користење на топловодната мрежа, со која ќе управува новоформираното претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас „Градски енергетски системи“ (ГЕС).
Градот Скопје, како што информира во своето соопштение, преку АД ГЕС-СКОПЈЕ ќе спроведува мерки за намалување на аерозагадувањето во градот, што е последица на затоплувањето на објектите на среден рок преку развој и проширување на топлификациската мрежа, давање субвенции за приклучување, подобрување на енергетската ефикасност на објектите, намалување на потрошувачката на енергија преку регулација и изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас.