Трамп со предупредување до Кина за трговскиот договор
![Трамп со предупредување до Кина за трговскиот договор](https://gdb.rferl.org/09FC0640-B302-41B7-8E8A-373D1466582A_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја предупреди Кина да не чека до завршувањето на неговиот мандат за финализирање на кој било трговски договор. Според него, доколку победи на претседателските избори и биде реизбран на функцијата во ноември 2020 година, исходот би бил да нема договор или да биде постигнат со полоши услови.
„Проблемот со тоа што чекаат… е дека, ако и кога ќе победам, договорот што ќе го добијат ќе биде многу построг од она за што во моментов преговараме… или воопшто нема да има договор“, напиша Трамп на Твитер.