Ако нема договор, Тачи подготвен да распише нови избори
![Ако нема договор, Тачи подготвен да распише нови избори](https://gdb.rferl.org/3F6B4283-8E50-4D4E-ADE3-6F7A5538C896_cx0_cy4_cw0_w800_h450.jpg)
Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска се сретна со претседателката на Централната изборна комисија на Косово, Валдете Дака, со која разговараше за подготвеноста на оваа институција за организирање на предвремени избори, доколку тоа биде потребно, објавија косовските медиуми.
Тачи истакнал дека во согласност со уставната обврска што произлегува од член 95, ќе ги искористи сите можности во консултација со политичките партии претставени во Собранието на Косово да најде одговор за новата политичка реалност, јавува Зери.
„Доколку политичките партии не се во можност да дадат одговор на оваа нова политичка реалност во разумен рок, јас сум подготвен веднаш да распишам нови избори“, рекол Тачи.