Руските здравствени власти тврдат дека Навални не бил труен
![Руските здравствени власти тврдат дека Навални не бил труен](https://gdb.rferl.org/D7661A57-556F-4A38-9312-7BC4D21CC940_w800_h450.jpg)
Докторите од рускиот медицински центар денеска соопштија дека со лабораториските испитувања на опозицискиот лидер Алексеј Навални ја исклучиле можноста труење. Како што јавуваат руските агенции Алексеј Токарев, шеф на медицинскиот центар во Москва, рекол дека во анализираните примероци не се најдени траги на отров кај Навални.
Опозицискиот лидер во неделата наутро од казненото оделение на московската полиција беше однесен в болница откако се појавија симптоми на алергиска реакција. Навални беше уапсен минатата среда затоа што повика на учество во недозволен опозициски протест.