Алтернатива на Гаши почнува формална соработка со партијата на Ердоган
![Алтернатива на Гаши почнува формална соработка со партијата на Ердоган](https://gdb.rferl.org/B1AF45AE-9C39-4EF4-94F1-4FDD9AD05033_w800_h450.jpg)
Претседателот на Алтернатива Африм Гаши деновиве престојува на официјална посета на Анкара во чии рамки се сретнал со генералниот заменик претседател на АК Партија (Партија на Правда и Благосостојба), Нуман Куртулмуш, информираат од Алтернатива.
“Оваа средба се реализира со цел воспоставување на формална соработка помеѓу Алтернатива и АК Партија, како две десничарски партии. Двете страни се договорија дека соработката треба да се развие и да се продлабочи понатаму и во најкраток рок да се формализира и преку потпишување на меморандум за соработка”, соопштија од партијата.
Алтернатива која е дел од владината коалиција во земјава неодамна се формираше откак партија Беса се поддели на две крила и едното на Биљаљ Касами остана во опозицијата. Во делегацијата со Гаши во Турција, како што информираат од партијата, се и министерот за култура, Хисни Исмаили и портпаролот на Алтернатива – воедно директор на Македонски железници – Траснпорт, Орхан Муртезани.