Опозицијата и конзервативните бунтовници заедно против Џонсон
Сојуз на опозициските партии и „бунтовниците“ од Конзервативната партија ги имаат потребните гласови во Долниот дом за да ја поразат владата на премиерот Борис Џонсон по прашањето за Брегзит, убеден е поранешниот британски министер за финансии, Филип Хамонд, објави новинската агенција Ројтерс.
Изјавата на поранешниот министер доаѓа неколку часа пред отворањето на новата парламентарна седница по летната пауза, на кој се очекува противниците на „Брегзит“ легално да го спречат излегувањето на Велика Британија од Европската унија на 31 октомври, кога истекува уште едно одложено спроведување на член 50, дадено од Брисел на поранешната премиерка Тереза Меј.