Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Сентябрь
2019

Новости за 09.09.2019

Месечно Србија ја напуштаат по 4000 лица

SlobodnaEvropa.mk 

Србија секој месец ја напуштаат повеќе од 4000 лица, а на годишно ниво бројката изнесува 51.000, покажуваат податоците на Европскиот завод за статистика. Најголем дел од нив се млади лица, а според студијата на фондацијата Фридрих Еберт, причина за иселувањето се економските проблеми, како и „песимистичкиот поглед на иднината на српското општество“ .

Нетанјаху тврди дека Иран има таен објект за развој на нуклеарно оружје

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Иран работи на развој на нуклеарно оружје во регионот Абадех. За прв пат Нетанјаху откри каде би можел да се наоѓа објектот до кој дошле во иранските документи кои Израел ги пронајде и објави минатата година. „Во овај објект Иран спроведува експерименти за развој на нуклеарно оружје“, изјави Нетанјаху, додавајќи дека се наоѓа во близина на градот Исфахан. Според него, Иран го уништил објектот кога властите сфатиле дека е откриен од страна на Израел.

Владата го осуди инцидентот пред конзултатот во Мелбурн

SlobodnaEvropa.mk 

Владата најостро го осуди инцидентот пред конзулатот во Мелбурн откако група на македонски иселеници запалија грчко и бугарско знаме и картонска макета од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска.  „Ваквите дејствија го нарушуваат имиџот на земјата, на македонскиот народ и на граѓаните на Северна Македонија во очите на демократската јавност. Говорот на омраза е одлика на едно минато и напуштено време на кое мнозинството од граѓаните во земјава и дијаспората се спротивставија и... Читать дальше...



Франција и Русија во обид за обнова на односите

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот министер за надворешни работи Жан- Ив Ле Дријан денеска изјави дека дошло време да работат кон намалување на недовербата со Русија. Дријан и францускиот министер за одбрана Флоренс Парли одржаа средба во Москва со нивните руски колеги Сергеј Лавров и Сергеј Шоигу во таканаречениот формат „2 плус 2“ кој беше суспендиран по руската анексија на Крим во 2014 година. „Дојдовме да предложиме, во името на претседателот на републиката, нова агенда на доверба и безбедност“, рече Дријан на заедничката прес-конференција. Читать дальше...

Дендиас: Да можам, би сменил 3 точки од Преспанскиот договор

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, изјави дека Преспанскиот договор не може да се смени, но дека неговата Влада ќе се обиде преку европскиот тек на Северна Македонија да ја убедиме другата страна да биде целосно прифатено дека називот на граѓанинот на земјата е „граѓанин на Северна Македонија“. Дендиас, во интервју за грчкото радио „Реал фм“, отфрли секаква можност за промена на Договорот од Преспа, велејќи дека „Грција има конвенционални обврски кон Северна Македонија кои треба да ги исполни“... Читать дальше...

Фон дер Лајен го состави новиот тим на ЕК - 14 мажи и 13 жени

SlobodnaEvropa.mk 

Новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во ноември ќе го преземе управувањето со извршната власт во Брисел, го заврши составот на својот тим за следните пет години. Дер Лејен, која ќе го замени Жан-Клод Јункер, речиси постигна совршена полова рамноправност во идната Комисија, во која ќе има 14 мажи и 13 жени, што до сега не бил случај, пишуваат новинските агенции. Фон дер Лајен утре попладне ќе го претстави списокот со имињата на идните еврокомесари и ќе ги соопшти... Читать дальше...

Британскиот Парламент суспендиран до 14 октомври

SlobodnaEvropa.mk 

Британската влада потврди дека Парламентот ќе биде суспендиран од денеска до 14 октомври, објавија британските медиуми и светските новински агенции. Владиниот портпарол, Џејмс Селек, рече дека парламентот ќе биде распуштен или суспендиран на крај од работниот ден, пренесува новинската агенција „Асошиејтед Прес.“ Со суспензијата се ограничува можноста парламентот да ги попречи плановите на Џонсон околу методитe за брегзит. Тој го држи ставот дека Велика Британија мора да ја напушти ЕУ, со или без договор со Брисел, на 31 октомври.

Утре лидерска Заев - Мицкоски: Закон за ЈО и предвремени избори

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски утре во Собранието ќе имаат лидерска средба за да се обидат да најдат решение за Законот за јавно обвинителство, со кој се решава и судбината на Специјалното јавно обвинителство, објави МИА, повикувајќи се на потврда од владини извори. Лидерската средба ќе почне во 20 часот и ќе се одржи во формат еден плус четири. Во фокусот на лидерската ќе биде Законот за јавно обвинителство, но Мицкоски синоќа... Читать дальше...



Лидерска средба за СЈО, но и за можни предвремени избори

SlobodnaEvropa.mk 

Законот за ЈО ќе биде главната тема на утрешната средба меѓу лидерите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Се очекува, според најавите, Мицкоски да го покрене и прашањето за предвремени избори.

Грчка опозиција: Ја продадовте Македонија на скопјаните

SlobodnaEvropa.mk 

По вчерашниот говор на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Солун, дел од грчките опозициски партии го нападнаа претседателот на грчката влада дека од борец за Македонија, станал „предавник“ и дека со тоа што не го спомнал Преспанскиот договор, всушност признал дека мора да се почитува. Од СИРИЗА велат дека Мицотакис во пракса ја признал потребата од почитување на Преспанскиот договор, од МЕРА25, на поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис коментираат дека изненадува молкот на грчкиот премиер... Читать дальше...

Денот на независноста, пцости и клетви - Вие коментирате

SlobodnaEvropa.mk 

Читателите на социјалните мрежи на РСЕ со најмногу коментари за обраќањето на премиерот Зоран Заев на прославата на Денот на независноста. Коментарите се најчесто негативни и проследени со недоличен јазик и клетви.

Малиќи: Распитот на Мета е шоу за негова дискредитација

SlobodnaEvropa.mk 

За распитот на албанскиот претседател Илир Мета, пред анкетната собраниска комисија, која испитува дали го прекршил Уставот, независниот пратеник во албанскиот парламент, Лефтер Малиќи вели дека е „шоу на владејачките социјалисти“, објавија новинските агенции. Соред него, тоа се први за медиумска дискредитација на претседателот. Малиќи смета дека доколку Мета не ја повлечел уредбата за локалните избори кои претходно ги закажа за 30 јуни, тогаш „во Албанија ќе имало судири и крвопролевање”. „Она... Читать дальше...

Путин изгубил третина од местата во московскиот Парламент

SlobodnaEvropa.mk 

Владејачката „Единствена Русија“ на рускиот претседател Владимир Путин изгуби околу една третина од местата во московскиот градски парламент, по што станува неизвесно кој ќе ја има власта во руската метропола, пренесуваат светските новински агенции. Според првичните резултати, по преброени 99,47 отсто од гласовите, од вкупно 45 места во московската Дума, „Единствена Русија“ освоила 28, Комунистичката партија 14, а „Јаблоко“ и „Правична Русија“ по три места. Според Централната изборна комисија,... Читать дальше...

Турција и САД почнаа заеднички патроли на северот на Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Турски и американски сили вчера спроведоа прва заедничка копнена патрола во североисточниот дел на Сирија како дел од договорот за „слободна зона“ за која се залагаше Анкара. Турција се надева дека таквата зона, околу 30 километри длабоко во Сирија ќе ги држи сириските Курди подалеку од турската граница. Курдите им се сојузници на САД во борбата против Исламската држава.

Од топлотен бран годинава во Франција умреле 1.500 луѓе

SlobodnaEvropa.mk 

Француската министерка за здравство Агнес Бизин изјави дека во таа земја од годинашниот топлотен бран умреле 1.500 луѓе. Тоа, според неа, било многу повеќе од просекот за тој период од годината. Половината од починатите имале над 75 години. Тополотниот бран во Франција траел 18 дена во текот на јуни и јули.

За изборите во Косово се пријавиле 13 илјади лица од дијаспората

SlobodnaEvropa.mk 

Три дена пред истекот на законскиот рок, Централаната изборна комисија на Косово примила околу 13 илјади барања од дијаспората за регистрирање како гласачи на вонредните парламентарни избори што ќе се одржат на 6 октомври. Портпаролот на ЦИК Ваљмир Елези изјави дека рокот за пријавување на гласачите од дијаспората започнал на 30 август и трае до 10 септември на полноќ. За разлика од изборите од 2017 година, кога рокот за пријавување беше осум дена, на овие избори тој е продолжен на 12 дена.

Руска сол на балканска рана

SlobodnaEvropa.mk 

Додека западнобалканската рана стои отворена, геополитичките фактори од Исток, посебно Русија, можат да додадат сол, и затоа единственото решение е што побрз влез во ЕУ и НАТО, предупредуваат политичките аналитичари.

Чуден крај на надежите за мир во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги откаже мировните преговори за Авганистан ќе чини многу американски животи, соопштија талибанците. Во исто време Соединетите држави најавија дека ќе продолжат да вршат притисок врз милитантите. Ова е малку чуден исход на ветувачките напорите за постигнување договор за крај на скоро 20 годишната војна во Авганистан.

Мицотакис: Ердоган да не и се заканува на Европа

SlobodnaEvropa.mk 

Потребно е да се спроведе Договорот ЕУ-Турција и да има враќања на мигранти, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на вчерашната прес конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун во однос на мигрантското прашање и додаде дека тоа е европски проблем. „Бегалското прашање е европски проблем, не е проблем што е ексклузивно билатерален. Господинот Ердоган треба да разбере дека не е можно да им се заканува на Грција и на Европа, обидувајќи се да обезбеди повеќе средства за управување со бегалското прашање. Читать дальше...

Честитка од Помпео по повод Денот на независноста

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го честиташе Денот на независноста на Република Северна Македонија и изрази поддршка за евроатлантските интеграции. „Во име на Владата на САД и американскиот народ, упатувам честитки честитам на народот во Република Северна Македонија по повод 28 години независност“, наведува Мајк Помпео во честитката. Тој го поздравува како историски Договорот од Преспа со Грција и ги поддржува настојувањата на Северна Македонија да се приклучат кон НАТО и ЕУ. „Вашата постојана... Читать дальше...

Времето денеска: сончево со умерена облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 22 до 31 степен. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 16, а дневната ќе достигне до 29 степени.



Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о роли несырьевого экспорта в российской экономике


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Столичный мэр реорганизовал управы в ТиНАО



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Певец

Совместный Дуэт с Певцом. Запись совместной Песни.




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Звезды спорта. Кто они такие и почему их так называют?

В Подмосковье сотрудники ОМОН «Русич» Росгвардии приняли участие в церемонии открытия соревнований по дзюдо среди детей и подростков

Стартовал финальный этап всероссийского футбольного турнира «Будущее зависит от тебя»


ATP

Теннисист Медведев может спуститься на пятое место в ATP после "Мастерса" в Риме



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


News Every Day

Citadel CEO Ken Griffin says the anti-Israel college campus protests are just 'performative art'



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России