Анѓушеви лидери во бизнисот со мали хидроелектрани
На директен или индиректен начин, вицепремиерот Анѓушев е сопственик на една третина од малите хидроелектрани во земјава. Опозицискиот лидер Мицкоски има удел во фирма која има три хидроелектрани. Невладините бараат истрага за тоа дали „се омрсиле“ злоупотребувајќи ја политичката положба.