Мицкоски: Нема ново Пржино
![Мицкоски: Нема ново Пржино](https://gdb.rferl.org/405EDAFB-EC83-44DC-8921-D5F129A7AD33_w800_h450.jpg)
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со преговорите за законот за Јавно обвинителство, изјави дека за правдата не планира никаков компромис и оти препознава задни намери кај власта на која ѝ порачува, како што наведува, „да не се надева на ново Пржино и некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабеното ВМРО-ДПМНЕ кое ќе потпишува сѐ и сешто“.
„Сами си ги кажуваат задните намери кои имаат две цели: Првата е политичка – да се пресметаат преку инсталациите во Обвинителството со политичките неистомисленици. Втората е да го заштитат криминалот којшто ќе го стават зад себе, а обвинителскиот систем да им биде слуга. Тоа така не може, и тоа така нема да помине“, вели Мицковски во видео порака на Фејсбук.